Во 1928 година семејството Филеви започнува со занаетчиска изработка на бисери, пренесувајќи ја семејната тајна од колено на колено, од татко на син. Преку повеќе од 80 години, бисерниот накит од Филеви станува препознатлив производ, со епитетот „Оригинален бисер од Охрид“.