с. Љубојно – Ресен

0
Испратете ни барање
Целосно име и презиме*
Е-маил адреса*
Вашето барање*
* Се согласувам со Услови на користење и Изјавата за приватност .
Please agree to all the terms and conditions before proceeding to the next step
Зачувај на список со желби

Adding item to wishlist requires an account

116
Достапност : Во текот на целата година

с. Љубојно – Ресен

0
Детали
  • Локација: с. Љубојно, Ресен

Во близина на селото Брајчино се наоѓа уште едно впечатливо село, во кое комбинирана е селската со градската архитектура. Во ридот над селото изградени се две цркви посветени на Св. Петар и Св. Павле.

Селото е сместено на околу 2 километри источно од Големото Преспанско Езеро, во една од западните пазуви на планината Баба, во долниот тек на живописната долина на Брајчинска Река. Се простира на обата брега на реката, на надморска височина од околу 920 метри. Се наоѓа 2 километри од езерото, а на 28 километри оддалеченост од градот Ресен.

Нема сознанија дека селото било преместено. Се пренесува предание дека селото настанало со доселување на домаќинства од најблиските некогашни заселци Калинци (Колибите) и Куќиштата, а подоцна и од други подалечни места. Љубојно се граничи со следниве села: со Штрбово на север, со Брајчино на исток, со селото Долно Дупени на југ и со селото Наколец на запад.

Атарот на Љубојно се простира на површина од 1358 хектари (околу 13,58 км2) и зафаќа рамничарско и ридско-планинско земјиште, на северната страна на селото голет, а на јужната, југоисточната и источната се простира густа претежно дабова шума. Од вкупната површина на атарот: 477,4 хектари се обработливо земјиште, 396,9 хектари пасишта и 396,7 хектари шума.[3]

Низ атарот на селото тече Брајчинска Река (кај љубанци позната и по името „Стара Река“), водоносна, брза и бистра, никогаш не пресушува. На нејзиниот јаз кој минува низ селото, до годините на Илинденското востание работеле 16 воденици, две валалници и девет казани за варење ракија.

За разлика од повеќето преспански села, во права смисла на зборот Љубојно е село од собран, дури збиен тип, со околу 350 куќи, градени наблиску или меѓусебно поврзани и правилно распоредени од двете страни на јасно создадените и делумно асфалтираните улици. Основен белег на селото му даваат куќите градени меѓу двете светски војни, со печалбарски пари. Нив посебно ги краси фино делканиот камен, разнобојните фасади и вкусно гелендираните балкони. Двориштата во кои се наоѓаат останатите стопански објекти (тремови, штали, плевни, магацини, гаражи, фурни, бунари, гумна, и сл.) главно се оградени со високи авлии и широки порти. Денес, се обновуваат старите, но се градат и нови современи куќи. Селото Љубојно носи особености на мала градска населба.

Според групираноста на куќите и семејствата, селото се дели на повеќе поголеми маала: Чифличка (западниот), Пашариковска (југоисточниот), Илиовска (североисточниот), Сејменовска, Бубутиовска или Лембовска (средишниот) и Поленска или Кондовска или Лубаровска (јужниот дел на селото).

Самото село е директно поврзано со асфалтен пат со Наколец и Долно Дупени, кои лежат крај главниот регионален пат кој го поврзува источниот брег на Преспанското Езеро со магистралниот пат за Ресен и Битола, а од Љубојно води и единствениот пат кон Брајчино кој е обновен, проширен и асфалтиран во најново време.

Активности

Активност 1Разгледување

Активност 2Истражување

Мапа
Галерија