Винаријата Мал Св.Клиемет ја основа Будимир Соколовиќ и започнува со работа од 2010 година со локација во центарот на градот Охрид. Во 2016 г. Согласно законот за вино, извршена е регистрација како мал производител на вино со максимално дозволено годишно производство од 30.000 литри, што секако е доволно бидејќи годишното производство од 25.000 литри е во тие рамки. Во винаријата се произведува вино од локални и регионални вински сорти. Грозјето е од мали лозови насади од охридското виногорје. Насадите се мали, традиционални, за кои се грижи фамилијата Соколовиќ и локалните земјоделци од локалните села. Уникатната клима на охридскиот регион се одсликува и на карактерот на вината. Грозјето се бере рачно, со што се осигурува квалитетот на виното, а вината што се произведуваат се елегантни, направени со многу љубов и страст.
14:00 – 00:00