Селото Пештани се наоќа на околу 12 км југозападно од градот Охрид на самиот пат од Охрид кон Св Наум. На надморска височина од 700 метри, сместено е на источниот брег на охридкото езеро.Селото прераснало во типична туристичка населба со приватни сметувачки капацитети и хотел . Во атарот на селото има неколку цркви од кои најстара и главна црква е црквата посветена на светите Врачи,св.Кузман и Дамјан. Селото е активно и преку зимскиот период и брои околу 1300 жители.