ТУРБЕ НА СИНАН ЧЕЛЕБИ
(Охрид, 1493) – подигнато во непосредна близина на Климентовата црква „Св. Пантелејмон“ на Плаошник. Погребан е Синан Челеби Охризаде, градителот на џамијата посветена на султанот Мехмед Фатих Ⅱ (1451–1481), позната како Имарет џамија. Култно место, посетувано од муслиманите, особено на денот на Х’д’рлез (6 мај).