Според белешките на турскиот патеписец Евлија Челеби од XVII век, Охридската чаршија зафаќала доста голем простор од предградието. Овде се наоѓале сите најнеопходни занаетчиски работилници, и трговски дуќани.Евлија Челеби набројува сто и педесет дуќани, три бесплатни мконаци и три анови. Имало седум кафеани, во кои се состанувал мобразованиот свет. Меаните биле сместени во ритчестиот дел на градот, каде што живеело христијанско население. Старата калдрма, беше отстранета во 2003 година и заменета, поплочена со еден вид гранитни плочи- бекатон.