Капацитетите за престој и сместување на Конгресниот центар кои изнесуваат од 100 до 110 легла се организирани во
Сите соби располагаат со сопствена бања, мини бар, ТВ приемник, интернет приклучок и сопствена тераса. Апартманите се со површина од 22 м2, а останатите соби од 16 м2. Поголемиот дел од собите имаат прекрасен поглед на Охридското езеро.
За потребите на организирање на конференции, семинари, обуки, работилници, промоции и други образовни, научни, културни и спортски содржини Конгресниот центар им нуди на своите гости две климатизирани конференциски сали. Секоја од нив е со најмалку 200 места и е опремена со опрема за видеопроектирање (платно, графоскоп, видео бим, табла за пишување), систем за озвучување и безжичен интернет пристап кој го покрива и ресторанот со терасата и плажата.
Ресторанскиот дел на Конгресниот центар е конципиран како простор за 170 лица со голема летна тераса со поглед кон езерото. Во ресторанот се приготвуваат и служат традиционални јадења од македонската кујна но и интернационални јадења. Ресторанскиот дел може да се реорганизира и за конгресни активности бидејќи е озвучен и покриен со безжичен интернет пристап.