Споменикот на Свети Наум Чудотворец е лоциран во непосредна близина на плоштадот во Охрид во паркот помеѓу плоштадот и главното пристаниште. Поставен е во 2011 година , а изработен од
страна на склулпторот и академик Томе Серафимовски . Свети Наум има длабоко врежан култ во југозападниот дел од Македонија , но и пошироко.Творел и живеел на местото каде денес се наоѓа Манастирот кој е посветен токму на него.