Спомен куќа на Христо Узунов – Охрид

0
Испратете ни барање
Целосно име и презиме*
Е-маил адреса*
Вашето барање*
* Се согласувам со Услови на користење и Изјавата за приватност .
Please agree to all the terms and conditions before proceeding to the next step
Зачувај на список со желби

Adding item to wishlist requires an account

506
Достапност : Во текот на целата година

Спомен куќа на Христо Узунов – Охрид

0
Детали
  • Локација: Охрид

Спомен-куќа на Христо Узунов е родната куќата на Христо Узунов во центарот на Охрид, изградена е во средината на XIX век.

Најверојатно ја изградил Христо Узунов или пак Димитар Узунов, познати преродбеници од Охрид. Во оваа куќа се родил на 22 октомври 1870 година и во неа живеел Христо Узунов, најмаркантна личност во Охридската револуционерна околија и пошироко во Македонија. Во предилинденскиот и поилинденскиот период куќата била централно револуционерно сврталиште. По загинувањето на браќата Андон Узунов (1903) и Христо Узунов (1905), Анастасија Узунова (мајка им) во 1906 година се преселила кај својот единствен жив син Ангеле Узунов во Ќустендил, Бугарија.

По овој период за куќата нема податоци освен тоа дека во 1938 година била продадена на семејството Симончеви.

Објектот има подрум со карактеристичен пасаж, во Охрид познат како „темница“, приземје и кат, во низа со објекти од староградска архитектура со „темници“ на улицата Коста Абраш.

Со одлука на Народниот одбор на општина Охрид во 1953 година куќата е национализирана. На 2 август (Илинден) 1953 година во знак на почит кон ликот и делото на Христо Узунов, на куќата е поставена мермерна спомен-плоча.

Со Решение на Народниот одбор на општина Охрид на 10 септември 1960 година куќата била предадена на трајно владение на Завод за заштита на спомениците на културата и Народен музеј во Охрид.

Во 1968 година била прогласена за споменик на културата на родната куќа на Христо Узунов и нејзиното дворно место, во сопственост на Собранието на општина Охрид, а во владение на Народниот музеј – Охрид.

Од периодот на извршената национапизација до 1970 година во куќата живееле семејствата на Менда Пирузева, Иван Дојчин, Перо Џутески и Наум Рибароски.

Поради лошата состојба на куќата во 1975 година била донесена одлука за факсимилна реконструкција и истата била реализирана во 1977/1978 година. Фасадата била изведена во карактеристичен староградски стил, со еркерно исфрлени катови и богато профилирани венци. Еркерите и челата од венците се опшиени со штици, прозорците се карактеристични, со вертикално поместување и дрвени опшиви.

Во 1982 година во куќата била сместена постојана изложбена поставка под наслов „Национално-ослободителното движење во Охрид и Охридско“ и со презентирана спомен-соба на војводата Христо Узунов, која егзистирала до 1989 година.

Во 1996 година куќата повторно била прогласена за споменик на културата заради вредностите кои ги поседува како староградска охридска архитектура. Тогаш таа била и повторно отворена за посетители со нова концепција на постојаната изложба „Национално-ослободителното движење во Охрид и Охридско“, со документи и предмети поврзани со Илинденскиот период и воопшто со народноослободителното движење во овој крај, а реконструирана била и една спомен-соба посветена на револуционерот. Покрај постојаната историска поставка, во оваа спомен-куќа во повеќе наврати биле организирани и времени изложби од областа на историјата, историјата на уметноста, конзервацијата како и повеќе научни собири и симпозиуми.

Активности

Активност 1Разгледување

Активност 2Истражување

Мапа
Галерија