Спомен куќа на Григор Прличев – Охрид

0
Испратете ни барање
Целосно име и презиме*
Е-маил адреса*
Вашето барање*
* Се согласувам со Услови на користење и Изјавата за приватност .
Please agree to all the terms and conditions before proceeding to the next step
Зачувај на список со желби

Adding item to wishlist requires an account

898
Достапност : Во текот на целата година

Спомен куќа на Григор Прличев – Охрид

0
Детали
  • Локација: Охрид

Старата родна куќа на Григор Прличев била изградена најверојатно во првите децении на XIХ век, на југоисточното подножје на повисокиот охридски рид, недалеку од Долни Сарај и од црквата „Св. Софија“. Имала двор на јужната страна, со убав поглед кон езерото.

Во триесеттите години на XХ век куќата била веќе руинирана, а десетина години подоцна целосно исчезнала од просторот. Доказ за тоа е и фактот што еден од нејзините директни наследници, Кирил Прличев, синот на Григор Прличев, во времето кога работел во Службата на старините во Охрид (1943 година), не живеел во родната куќа, туку во куќата на семејството Ракичевиќ во низинскиот дел на Охрид.

Единствен делумен изглед на родната куќа на Григор Прличев, горниот кат, е скицата на ликовниот уметник Нико Този од 1943 година, што денес се чува во Бугарскиот државен архив во Софија, а е идентификувана и на една разгледница од 1915 година.

Охриѓани го чествувле лавроносецот Прличев уште од 1952 година на иницијатива на Советот за просвета, наука и култура при Градскиот народен одбор. На една од таквите прослави, во 1997 година била покрената иницијатива за возобновување на родната куќа на поетот, на автентичната локација каде што се наоѓала одамна исчезнатата куќа на Прличев.

Во 1998 година бил ставен камен-темелникот, а две години подоцна, во 2000 година, биле отворени портите на возобновената родна куќа на Григор Прличев. Автор на проектот за возобновување бил охридскиот архитект Митко Паскали.

Во завршните активности околу возобновувањето на Прличевата куќа активно учествувал и Заводот за заштита на спомениците на културата и Народен музеј во Охрид кој концепциски ја осмислил и реализирал постојаната музејска поставка во возобновената спомен-куќа на големиот поет и преродбеник, со што куќата станала меморијален музеј и простор со амбиент кој овозможува постојано присуство на Прличевиот дух и простор отворен за одржување на пригодни културни манифестации. Истовремено Заводот и музеј во Охрид извршил и конзервација и реставрација на гробот на Прличев, на кој било ставено и соодветно обележје на името на Кирил Прличев, еден од синовите на поетот, кој бил погребан во гробот на неговиот татко во 1944 година. Така, на 6 февруари 2000 година, на големиот Прличев народен собир, била отворена возобновената спомен-куќа, односно меморијалниот музеј на Григор Прличев.

Архитектонски куќата е во духот на традиционалната охридска архитектура подигната на два ката, со еркери и традиционален тимпанон кој всушност е милениумско надоврзување со балканската архитектура од антиката до почетокот на дваесеттиот век. Овој елемент особено е присутен во градската архитектура во Битола, Охрид, Крушево, Велес.

Активности

Активност 1Разгледување

Активност 2Истражување

Мапа
Галерија