Селото Трпејца е едно од крајбрежните села долж патот од Охрид кон св Наум. Селото брои околу 80 жители. Трпејца е рибарско село на оддалечено околу 20 тина км од градот Охрид. Преку летниот период е одлична дестинација ја мирен одмор и релаксација покрај брегот на езерото, а некоклкуте ресторани ќе ве изнадат со нивните рибни специјалитети. Сместено во малиот залив има плажа која не е подолга од 200 м со бели камчиња кои го надополнуваат амбиентот со кристалните езерски водa. Во атарот на селото ја имаме црквата св.Никола како и црквата Богородица Заумска до која се доаѓа по воден пат.