На западниот брег на охридското езеро на само 2 км од албанската граница, како последно македонско село се наоѓа селото Радожда .На 725 м надморска височина ,мирно и тивко место дури и преку летниот период. Над селото се надвисува карпест гребен кој му дава необична мистика . Селото брои 7 цркви од кои онаа посветена на св .Никола е главна селска црква.пред влезот на селото има споменик -крст висок 20 метри, но како една од најзнацајните знаменитости се смета остатокот од зимската траса на познатиот пат Виа Егнатија кој во римско а и предримско време ја поврзувал Италија со Источниот свет.
Во близина на селото сочувани се оклу 100 метри во должина остатоци од калдрмата на Виа Егнатија.