ДВЕ ЛИРИ е првиот отмен ресторан за вистинските мераклии. Ресторанот ДВЕ ЛИРИ со својата карактеристична кујна ве кани да дојдете и уживате во големиот избор на јадења. Кај нас може да добиете се: од предјадења и дневни специјалитети, чорби, гравче, сарми и други готвени јадења, старинско лепче, пинџур… до најмодерни специјалитети, печења, риба и морски плодови, сосеви, проследени со најквалитетни вина и десерти. Наши редовни гости се најголемите мераклии и боеми. Во менито на Ресторан ДВЕ ЛИРИ има голем избор на домашни и странски пијалоци, алкохолни и безалкохолни.
Ресторанот ДВЕ ЛИРИ е отворен на 11.05.2015 година во Ресен. За многу краток период за кој постоиме, ресторанот стана еден од омилените дестинации во градот Ресен, каде се одржуаат семејни веселби со најразлични поводи (свадби, крштевки, веридби, матурски и сл.) Ресторанот бил и е домаќин на многу веселби кои се од исклучителна важност за Вас.
ДВЕ ЛИРИ ви нуди прекрасен начин да го започнете денот, пријатно да го поминете својот деловен ручек или незаборавно да ја завршите вечерта со жива музика, со мајсторите на прекрасната македонска песна.
Можноста да се ужива во елегантниот ентериер и гастрономското искуство Ве очекува во секое време. Со гордост можеме да Ви соопштиме дека умееме да организираме веселба која ќе се памети и која во секој сегмент ќе биде исполнета со незаборавни моменти. Повелете да се уверите во нашата професионалност и доследност.
Она што не движи напред е посветеноста, во остварување на најпрефинетите желби и барања на нашиот највреден сегмент, а тоа се нашите гости. Успешноста е резултат на довербата на 4-те ѕвездички кои ги поседува Ресторан ДВЕ ЛИРИ. Искуството кое што ќе го добиете тука се разликува по беспрекорноста на услугата и посветеноста кон секој наш гостин.
07:00 – 00:00