Баба се наоѓа меѓу Пелагонија на исток и Преспанската котлина на запад. Таа, всушност, претставува хорст помеѓу овие две котлини, поточно помеѓу Битолско поле на исток и Ресенското поле и Преспанското езеро на запад .Највисок врв на Баба планина е Пелистер со 2601 метар надморска височина .Планината е дел од Националниот Парк Пелистер.Климата на Баба е планинска, и како таква погодна е за развој на планински туризам(зимски и летен). Туризмот започнал да се развива меѓу првата и Втората светска војна. На падините на планината се изградени повеќе туристичко рекреативни, планинарски и спортски објекти. Најатрактивен е хотелот Молика, додека постојат и планинарските домови Копанки и Големо Езеро. Постои жичница од Бегова Чешма до Копанки, ски лифтови, неколку туристички капацитети на работни организации, а над селото Нижополе зимсколетен рекреативен центар на ХМС “Стрежево”‚ со хотелско сместување, посебна жичница и скијачка патека.