Пештерна црква „Св. Стефан Никола“ – Љубаништа, Охрид

0
Испратете ни барање
Целосно име и презиме*
Е-маил адреса*
Вашето барање*
* Се согласувам со Услови на користење и Изјавата за приватност .
Please agree to all the terms and conditions before proceeding to the next step
Зачувај на список со желби

Adding item to wishlist requires an account

342
Достапност : Во текот на целата година

Пештерна црква „Св. Стефан Никола“ – Љубаништа, Охрид

0
Детали
  • Локација: Љубаништа, Охридско

Свети Никола е македонска пештерна црква, која се наоѓа на пазувите на планината Галичица, на нејзината јужна падина наречена Осој, помеѓу туристичкиот камп Љубаништа и манастирската црква „Св. Заум“. Сместена е во стрмни карпи. Покрај насликаниот фрескоживопис, на самото место е пронајдена покривна и подна керамика. Во релативно широкиот простор на нерамните површини се насликани композициите: „Успение на Пресвета Богородица“, „Христовото Распетие“, „Слегувањето во пеколот“, „Мироносници на празниот Христов гроб“, „Дејзис“, како и светителските ликови на свети Стефан архиѓакон, свети Василиј, света Петка и војсководителот на Небесните Сили – Архиѓаконот Михаил. За жал не е зачувана фигурата на патронот на оваа пештерна црква, чудотворецот Никола, но се распознаваат фрагменти на светител кој се наоѓа насликан помеѓу свети Василиј Велики и свети Јован Крстител, лик кој би одговарал по местоположбата во која би се наоѓала светителската фигура на свети Никола. Анализирајќи го овој живопис се заклучува дека ова сликарство во целост им припаѓа на уметничките ликовни остварувања од последните децении на XIV век. Зографот што ги работел овие фрески бил од кругот на охридските сликарски работилници, сликарство кое најмногу се доближува иконографски во смисла на компонирање на сцените, до сликарството на црквата Свети Димитрија во Охрид. Овде изненадува богатата палета на непознатиот зограф и сочноста на неговиот колорит со јарко црвени и сини бои. Неговите фигури се витки, со една воздржана елегантност и со пластично моделирани ликови. Зографот бил вешт цртач, неговите потези се куси и сигурни, а неговото внимание е свртено кон обработката на ликовите и драпериите коишто го следат движењето на телото. Во таа смисла се истакнува извонреднио насликаната фигура на Марија Магдалена.

Активности

Активност 1Разгледување

Активност 2Истражување

Мапа
Галерија