Национален парк Галичица

0
Испратете ни барање
Целосно име и презиме*
Е-маил адреса*
Вашето барање*
* Се согласувам со Услови на користење и Изјавата за приватност .
Please agree to all the terms and conditions before proceeding to the next step
Зачувај на список со желби

Adding item to wishlist requires an account

1325
Достапност : Во текот на целата година

Национален парк Галичица

0
Детали
  • Локација: Галичица

Галичица е национален парк во Македонија од 1958 година. Овој парк опфаќа делови од планинскиот масив Галичица, со крајбрежните простори на Охридското и Преспанското Езеро. Површината која тој ја зафаќа изнесува 22.750 ха. Планината Галичица се наоѓа во југозападниот дел на Република Македонија. Таа е всушност хорст кој се издига помеѓу Охридската и Преспанската Котлина. Ваквата форма на планината Галичица и нејзината положба помеѓу двете најголеми езера во земјата претставува посебна вредност. Таа е маркантна во географската средина со својата импознантна големина. Највисокиот врв Магаро се наоѓа на надморска височина од 2.254 метри.

Од овој планински престор се протегаат мошне убави глетки на Охридското и Преспанското Езеро. Посебно е атрактивна можноста посетителите во исто време да ги набљудуваат двете прекрасни езера. Пејсажните атрактивни, естетски и куриозитетни вредности се однесуваат и на самите планински страни, кои Галичица ги поседува.

Од високите видиковци на планината Галичица се протега и извонредна глетка, која допира до планината Јабланица и албанските планини од една страна и Пелистер од друга страна. Иако се работи за висок хорст со доминантност во овој простор и изразито стрмни страни, поврзаноста е многу добра. Преку оваа планина поминува патен правец кој ја поврзува Охридската со Преспанската Котлина.

Во геолошкиот состав на планината Галичица преовладува варовникот. Врз основа на ваквиот планински состав се темели појавата на бројни површински и подземни карстни рељефни форми. Од површинските карстни форми овде се јавуваат ували, вртачи и карстни полиња, а од подземни интересни се бројните поштери. Најголеми и најзначајни се: Црна Пештера, Мечкина Дупка, Самоска Дупка и други. Овие пештери сè уште не се туристички валоризирани.

Од позначајните вредности на националниот парк „Галичица“ треба да се истакне бреговата линија на акваориумот на Охридското и Преспанското Езеро. Западниот брег на Охридското Езеро е претежно праволиниски, со еден видлив полуостров. За разлика од него, источниот брег, чиј најголем дел му пришаѓа на овој национален парк, се карактеризира со кривина. Вкупно 63км. од брегот на Охридското Езеро отпаѓа на линијата со стрмен брег, со помали и поголеми полуострови, ‘ртови и заливи. Како посебна вредност се наметнуваат спилите кои се наоѓаат на потегот јужно од полуостровот градиште, околу село Трпејца и кај манастирот Свети Наум. Бреговата линија на Преспанското Езеро има четири поголеми и три помали полуострови и два острови.

Активности

Активност 1Разгледување

Активност 2Истражување

Мапа
Галерија