Селото се наоѓа на околу 30 км од центарот на градот Охрид покрај брегот на езерото. На 800 м надморска височина , воедно е и последното село од македонска страна а на околу 2 км се наоѓа границата со Р.Албанија. Во непосредна близина на селото е познатиот манастир посветен на св Наум , изворите на реката Црн Дрим, и автокампот „Љубаништа“ кој ја има единствената песочна плажа на брегот на охридското езеро од македонска страна , вистинска летна идила во дожина од околу 1 км.