Хотел “Св.Стефан” е модерно изграден, нов бисер на охридската ривиера, лоциран на најатрактивниот дел од охридското крајбрежје во туристичкиот комплекс “Св.Стефан”. Хотелот има сопствена плажа опремена со лежалки, чадори и послуга на самиот брег. Располага со луксузно опремени соби со прекрасен поглед на Охридското Езеро.
Во состав на хотелот се наоѓа националниот ресторан “Македонска куќа”. Располага со затворен дел и летна тераса со вкупен капацитет од 450 седишта.
Хотел “Св.Стефан” се наоѓа на 5км од центарот на градот, во населбата Св.Стефан, на самиот брег на едно од најстарите езера во Светот – Охридското Езеро.
14:00 – 00:00
00:00 – 12:00