Овој споменик лоциран непосредно пред главното пристаниште на градот Охрид претсавува спомен обележје на големиот православен празник Богојавлениа -Водици.Го симболизира вадењето на крстот од светите води на денот на прсзникот 19 ти Јануари . Секоја година илјадници верници се собираат на брегот на езерото да бидат сведоци на осветувањето на водите на Охридското езеро.Автор на скулптурата е академскиот скулптор м-р Ангел Коруновски од Велес, а скулптурата е поставена на рељефен постамент со ранохристијански и богојавленски мотиви. Споменикот е поставен во 2014 година.