Црква „Свети Никола Геракомија“ – Охрид

0
Испратете ни барање
Целосно име и презиме*
Е-маил адреса*
Вашето барање*
* Се согласувам со Услови на користење и Изјавата за приватност .
Please agree to all the terms and conditions before proceeding to the next step
Зачувај на список со желби

Adding item to wishlist requires an account

525
Достапност : Во текот на целата година

Црква „Свети Никола Геракомија“ – Охрид

0
Детали
  • Локација: Охрид

Црквата Св. Никола“ – Геракомија се наоѓа во Охрид.  Храмот е граден од кршен камен во долните партии, додека горните партии се ѕидани од делкан бигор во варов малтер. Во основа е трикорабна базилика, каде централниот брод е засводен со три слепи куполи, а јужниот и северниот кораб се полуцилиндрично засводени. Сводовите не се ѕидани, туку на дрвена конструкција, на дрвени летви е поставен тенок слој варов малтер над кој е изведен зивопис. Невообичаено и необјасниво е сознанието дека храмот во XIX век, и сè до денешни дни не е целосно живописан. Со сликање на овој храм најверојатно е започнатов во шеесетите години на XIX век, односно кога Дичо Зографот доаѓа во Охрид. Особено внимание заслужува живописот во сводовите на северниот и на јужниот кораб и трите слепи куполи, бидејќи тоа е дело на најпродуктивниот зограф од XIX век во Македонија, Дичо Крстев од с. Тресонче. Сликаните партии на фреско-декорација во олтарниот простор кои се со послаб квалитет се дело на фрескоживописци од Опеница-Охридско. Внатрешноста на храмот го краси сликан иконостас кој го изработил мајстор и зограв Дичо Зографот во 30 октомври 1862 година.

Активности

Активност 1Разгледување

Активност 2Истражување

Мапа
Галерија