Во непосредна близина на Стариот чинар во старата охридска чаршија се наоѓа Зејнел Абедин Паша теќе, кое припаѓа на дервишкиот ред на Халвети и е активнен верски објект.Мехмед Хајати е основачот на Халветскиот дервишки ред одобрен со декрет од Султанот. Џамијата кој се наоѓа во дворот на теќето веројатно е подигната во доцниот 16 век, а минарето е подигнато во 17 век.Во Турбето со правоаголна форма се погребани 9 те шехови на теќето.Овој комплекс е поврзан со теќето во Струга , Штип и Кичево.