Горна Порта е еден од најзачуваните влезови на градот но и важно археолошко наоѓалиште кое претставува некропола од македонско-хеленистичкиот период, односно некаде од 3-2 век пр.н.е. Од истражувањата во 2016 година биле откриени 85 гроба, од кои 12 биле од македонско-хеленистичкиот период, односно некаде од 3-2 век пр. н.е. адругите гробови биле од османлискиот период, од периодот на 15 до крајот на 18 век. Самата порта веројатно потекнува од времето на Цар Самоил кога функционирала заедно со Долна порта и Челната порта како важни сообраќајници. Денеска портата се уште е во употреба и одговара на намената за која била и изградена.