Споменикот на Свети Климент Охридски е поставен во самиот центар на плоштадот во Охрид во 2006 година. Овој споменик претставува дел од тријадата на споменици во централното јадро заедно со споменикот на Св.Кирил и Методиј и Св.Наум Чудотворец. Свети Климент е значајна фигура од историјата на Охрид и Македонија. Живеел и творел на Плаошник, каде изградил црква посветена на Св.Пантелејмон во која се наоѓа и неговиот гроб.Тој е заслужен за оформување на првата Охридска книжевна школа, позната како Свети Климентов Универзитет. Свети Климент воедно е патрон на градот Охрид. Трите смоменици изработени се од македонскиот скулптор, академик Томе Серафимовски.