+38922460876 welakeyou@lakes.mk
enmk

Picnic spot „Korita“ – Galichica

0
Send Us An Enquiry
Full name*
Email Address*
Your Enquiry*
* I agree with Terms of Service and Privacy Statement.
Please agree to all the terms and conditions before proceeding to the next step
Save To Wish List

Adding item to wishlist requires an account

115
Availability : Во текот на целата година

Picnic spot „Korita“ – Galichica

0
Детали
  • Локација: Галичица

На излетничкото место “Корита” кое се наоѓа покрај регионалниот асфалтен правец P-504 (Трпејца-Царина), на надморска висина од 1340-1350 м., посетителите на Паркот можат да се одморат и да се напијат студена вода од еден од ретките извори на планината Галичица.

 
 

Локалитетот е опремен со следната инфраструктура:

 
 
  • 3 настрешници со капацитет од по 10 седишта (вкупно 30) и централно поставени маси
  • 1 настрешница со внатрешно поставени 6 комплети маси со по 2 клупи со вкупен капацитет од 24-30 седишни места
  • 7 комплети маси со по 2 клупи со капацитет секоја од по 8 седишни места, вкупно 56
  • Троделна скара
  • 2 маси (шведска маса кај чешма)
  • 2 дрвени мостиња за премин преку поток (1 кај чешма, 1 кај детско игралиште)
  • Детско игралиште
  • Игралиште за мал фудбал
  • Уредена чешма
  • 2 уредени бунарчиња
  • 2 информативни табли
 
 

На информативните табли ќе најдете податоци за ендемити кои се среќаваат на “Корита”. Меѓу нив се издвојува маеров козинец (Astragalusmayeri). Овој вид во Македонија единствено се среќава на планината Галичица. Расте на варовнички камењари, на надморска висина од 1200 до 2100 м. Цвета во втората половина на јуни и јули.

 
 

Како и мочуришен шаренец (Euphydryasaurinia), пеперутка од групата шарени пеперутки (Nymphalidae). Овој вид е распространет ширум Европа, но во сé помал број поради што е заштитен со закон. Типично се среќава на влажни, мочурливи тревести живеалишта (оттука епитетот мочуришен). Во паркот се среќава на места до 1500 м.н.в. Лета во периодот од мај до јуни.

Активности

Активност 1Разгледување

Активност 2Истражување

Мапа
Галерија