Езерото Острово се наоѓа на јужниот дел покрај на Охридско езеро во близина на манастирот Свети Наум. Ова езеро спаѓа во типот на лагуни, кое е издвоено како посебен поттип на крајбрежно-изворско езеро.Ова езеро е создадено со снижувањето на нивото на Охридското Езеро, при што некогашното заливче под дејството на брановите постепено е затворено со крајбрежен бедем широк околу 10 м. Езерото е долго 220 м, широко 140 м, а најголемата длабочина му изнесува 3,5 м. Во езерото се наоѓаат два острова, од коишто помалиот се користи како ресторан, а поголемиот е целосно обраснат со шума. Езерото претставува строго заштитена зона на Националниот парк „Галичица“.