Заштитено подрачје покрај езерото, прогласено со посебен закон на 17 февруари 2012 година, откако во периодот 1996-2012 било строг природен резерват.Во ПП Езерани не можат да се спроведат одредбите од члeн 70, став 1, алинеа 1 и 3 бидејќи природноста на стаништата и природните процеси се нарушени,како и алинеа 7 бидејќи е невозможно да се ограничи пристапот на локалното население до сопствените имоти; праксата од изминатите 15 години покажа дека во подрачјето не можат потполно да се исклучат човековите активности.