Локалитетот Плаошник се наоѓа во јужното подножје на повисокиот (западниот) рид на Охрид, на зарамнето плато меѓу цитаделата на Самоиловата тврдина и црквата Св. Јован Канео на брегот од Охридското Езеро. Плаошник е исклучителен археолошки комплекс со културни слоеви од праисторијата, антиката и средниот век. Со најновите систематски археолошки истражувања кои се одвиваа од март до декември 2007 година и во текот на 2008 година започна реализацијата на втората фаза од проектот односно започна реализацијата на проектот за Плаошник.