По повод јубилеите “485 години од постоењето на општиот музеј на Охридската архиепископија” (1516 година) и “50 години од формирањето на Народниот музеј во Охрид” (1 мај 1951 година) како и по повод Светскиот ден на музеите, 18 мај, изграден е и промовиран Музејскиот културен центар “Лапидариум” во Охрид, прв од ваков вид во Република Македонија. Намената и функцијата на музејскиот културен центар “Лапидариум” е проектирана екстериерно и ентериерно делумно како вистински лапидариум каде се презентираат епиграфски споменици и други оригинални артефакти. Архитектонскиот изглед е целосно вклопен во околниот музејски простор со вградени и поставени оригинални камени и мермерни елементи кои припаѓаат на античкиот и ранохристијанскиот период.