Змиски Остров или Свети Петар е остров во Преспанското Езеро и е најголем остров во Република Македонија. Има елипсовидна форма со должина од 750 м, а широк 450 м, со највисок дел 50 м над езерото. Островот Голем Град е исклучително значајно подрачје од Националниот парк Галичица поради постоењето на неколку еколошки феномени.Од растителниот свет јасно се издвојуваат две шумски заедници и тоа шумата на дива фоја и шумата на вебиевиот бадем и мазната коприква. Од животинскиот свет присутни се големиот корморан (Phalocrocorax carbo) и кадрoглавиот пеликан (Pelеcanuscrispus). Карактеристична појава на островот е тоа што единките од змијата рибарка и скалестата гуштерица се многу покрупни во однос на единките од копнените популации, додека единките на поскокот (Viperaammodytes) се со џуџест раст.