Куќата на Робевци е изградена во средината на 19 век, и според својaта големина и по архитектонскиот израз, претставува своевиден статусен симбол за семејството, чии трговски врски воделе од Истанбул до Виена, Трст и Лајпциг. Во 1996 година, Куќата на Робевци е ставена под заштита на Законот за заштита на спомениците на културата на Република Македонија како вредно културно-историско градителско наследство со препознатливите карактеристики на староградската охридска архитектура од XIX век.