На два километри од стариот Лихнид се наоѓа трикорабна базилика. Објектот има двоен атриум, потоа нартекс од кој се влегува во трикорабниот наос. На северниот дел од нартексот е анекс со апсида на источната страна. На јужната страна од нартексот се сместени катехуменионот и баптистериумот сокружна писцина. Централниот кораб, нартексот и катехуменионот имаат подови изведени во мозаик со геометриски, растителни и животински мотиви. Во олтарот на катехуменионот е изведена евхаристична сцена, кантарос од бршлен со по еден паун од страна. Подовите на бочните кораби, на северниот анекс и кртилницата се изведени со тули. Објектот се датира при крајот на 5 и почетокот на 6 век.