Саат-кулата во Охрид, се наоѓа во месноста Дебој,изградена во 1726 година, претставува споменик на културата од профана турска провинциска архитектура од првата половина на ХVIII век, била изградена од Чавуш Дере Сулејман-ага во 1726 година. Висока е 12 метри, а часовникот е поставен во дрвениот крај на кулата. Во нејзиниот внатрешен дел, пак, се наоѓа натпис на кој е забележано името на нејзиниот градител. Часовникот бил наместен по муслиманското мерење на времето, и така останал се до Втората светска војна, кога стариот механизам бил заменет со нов, кој го покажувал времето по новите европски стандарди.