+38922460876 welakeyou@lakes.mk
enmk

Church „Voznesenie Hristovo“ – Vishni, Struga

0
Send Us An Enquiry
Full name*
Email Address*
Your Enquiry*
* I agree with Terms of Service and Privacy Statement.
Please agree to all the terms and conditions before proceeding to the next step
Save To Wish List

Adding item to wishlist requires an account

289
Availability : Во текот на целата година

Church „Voznesenie Hristovo“ – Vishni, Struga

0
Детали
  • Локација: с. Вишни, Струшко

Воснесение Христово (позната и како Свети Спас) e пештерна црква во близина на струшкото село Вишни.

Црквата се наоѓа на околу два километри североисточно од селото, по кањонот на реката Сушица, на местото викано „Трпезите“. Природниот отвор на пештерата се наоѓа на јужната страна и е затворен во долниот дел со камен, во кој е сместена влезната врата. Денес, од стариот храм, направен од дрвена граѓа, останале само траги. Моментално, лошата состојба на живописот се должи пред сѐ на непосредното влијание на атмосферската влага, која за време на влажните преиоди од годината навлегува во внатрешноста и предизвикува механички ерозии.

Во апсидалниот дел е насликана Св. Богородица, која за првпат е сигнирана како Спилиотиса, т.е. Пештерна, од типот на Оранта, со малиот Христос на градите, а под неа е насликана голема композиција „Литургиска служба на Светите архијереи“: Св. Василиј Велики и Св. Јован Златоуст. Тие се поклонуваат на Светата трпеза на која е положен малиот Христос. На северната страна се насликани Светите врачи – доктори: Св. Кузман и Дамјан, а до нив светителките–маченици: Св. Марина, Св. Недела, Св. Текла и Св. Петка Трновска.

Непознатиот зограф ни се покажува како солиден мајстор кој своите фигури многу вешто ги вклопува во нерамниот простор, поради што тие не губат многу од реалноста на формите и пропорциите. Реален е впечатокот дека насликаните ликови во овие композиции зографот многу вешто ги трансформира преку една монументална форма.

Сумирајќи ги на крај целокупните досегашни искажувања на оваа пештерна црква, се заклучува дека е сочуван еден извонреден и по својата специфичност редок споменик, каде што човекот – испосник, користејќи ги природните убавини, направил едно пријатно култно место за своите потреби.

 

Активности

Активност 1Разгледување

Активност 2Истражување

Мапа
Галерија