Претставува најголем и најзачуван културно историски споменик во Охрид и во Реублика Македонија со фрескоживопис , релјефи и архитектура кои се создадени во периодот од 11 век до 14 век. Посветена е на Божјата премудрост или озната како св.Софија. Денешната градба датира од почетокот на 11 век за време на владеењето на архиепископот Лав , и претставува монумент на раната византиска архитектура кај нас. Долг период била катедрална црква на Охрдиската Архиепископија. Во текот на историјата ја менувала својата намена , од Соборна црква на Охридската архиепископија била претворена во џамија,потоа се користела како магацин а од 1912 повторно е вратена нејзината првична намена , во служба на македонската православна црква .