Свети Петар — една од седумте, но единствена целосно сочувана црква на островот Голем Град на Преспанско езеро. Таа е изградена околу 1360 година, за време на владеењето на царот Волкашин. Нејзината архитектура е добро сочувана, а нејзина реконструкција последно е извршена во 1934 година. До црквата се наоѓа единствениот конак кој е изграден во 19 век е што се ползувал за живеење на црковните служители, но и чувари на илегалните македонски револуционери од предилинденскиот и за време на востанието во 1903 година кога на островот биле засолнувани голем број преспански востаници.