+38922460876 welakeyou@lakes.mk
enmk

Church St. Jovan Bogoslov – Kaneo, Ohrid

0
Send Us An Enquiry
Full name*
Email Address*
Your Enquiry*
* I agree with Terms of Service and Privacy Statement.
Please agree to all the terms and conditions before proceeding to the next step
Save To Wish List

Adding item to wishlist requires an account

1667
Availability : Во текот на целата година

Church St. Jovan Bogoslov – Kaneo, Ohrid

0
Детали
  • Локација: Охрид

„Свети Јован Богослов Канео“ — една од најпознатите цркви во Охрид, на карпестиот рид над плажата Канео во стариот дел на градот.

За историјата на црквата не постојат пишани податоци, современи со нејзиното подигање и живописување. Во натписот зачуван на фреско-малтер од црквата Св. Константин и Елена во Охрид се споменува една нива од селото Лескоец како имот на црквата Св. Јован Канео, што се граничи со имотот на црквата Св. Константин и Елена. Со ова се потврдува постоењето на црквата пред 1447 кога бил испишан натписот на Св.Константин и Елена – како и релативно раната појава на топономастичкиот назив на местото „Канео“ каде што е подигната црквата. Иако за црквата не постојат никакви сигурни историски податоци, нејзиниот живот може да се следи во општи историски рамки на развиток почнувајќи од XIII век па сè до почетокот на XIV век.

Во османлискиот период може да се следи активниот живот на црквата најверојатно сè до 1447 година кога се споменува имотот на црквата. Подоцна манастирскиот живот постепено опаѓа а со тоа доаѓа и уривање на самиот објект (ниските сводови од сите четри агли). Во поново време се претпоставува дека доаѓа до запуштање во подолг временски период меѓу XVII и XIX век. Тоа се докажува врз основа на најстарата запишана година која се наоѓа на најстарата икона во црквата (1676). Во поновата историја се забележуваат зафати со цел да се обнови самата црква, при што се враќаат сводовите како и подигање на анексите од северната јужната и западната страна кои денес се елиминирани. Од друга страна гледано од иконографски аспект, оваа црка обезбедува голем број на информации за историјата на средновековното сликарство во Македонија. Според иконографските одлики се поврзува со традициите од уметноста на Комнините. Во поголем број на цркви се наведуваат вакви карактеристики како што се Св. Софија во Охрид, Св. Константин во с. Свеќани (Велешко) и Св. Никола во с. Манастир. Меѓутоа само Канео има посебно нагласена модификација на комненските елементи, што помага за поблиско определување на хронологијата. Денес Канео има зачувано добар дел од своите првобитни фрески иако се извршени некои модификации во тој поглед меѓутоа својот првобитен шарм го има задржано до денешен ден што е прилично добро земајќи предвид дека самата црква била подолг период напуштена.

Активности

Активност 1Разгледување

Активност 2Истражување

Мапа
Галерија