Македонска православна црква која датира од 13 век. Денешната градба е изградена во 1835 год. врз темели на постар сакрален објект.Најсарата икона во црквата е со посвета на св.Ѓорѓија од зографот Јован, изработена во доцно-комненски стил. Во рамките на црквата постои и Галерија на икони од црквите од струшкиот регион. Од оваа црква секоја година традиционално започнува Ѓурѓовденската литија каде верниците се поклонуваат на моштите на св.Ѓорѓи Победоносец и на најстарата икона од црквата.