+38922460876 welakeyou@lakes.mk
enmk

Church “St. Bogorodica – Zaum”, Trpejca, Ohrid

0
Send Us An Enquiry
Full name*
Email Address*
Your Enquiry*
* I agree with Terms of Service and Privacy Statement.
Please agree to all the terms and conditions before proceeding to the next step
Save To Wish List

Adding item to wishlist requires an account

489
Availability : Во текот на целата година

Church “St. Bogorodica – Zaum”, Trpejca, Ohrid

0
Детали
  • Локација: с. Трпејца, Охрид

Ктиторскиот натпис над влезот во наосот кажува дека таа била подигната и украсена со фрески во 1361 година. Ктитор на црквата бил ќесарот Гргур, а патрон на нејзината внатрешна декорација деволскиот епископ Григориј, една од највлијателните личности на Охридската архиепископија од средината на XIV век.Црквата е изградена во форма на впишан крст во правоаголник и има нагласена височина, по што се издвојува од постарите архитектонски решенија на црквите од охридскиот круг. Над централниот дел има купола, потпрена на четири столбови, а на источната страна тристрана апсида. Во времето на нејзината изградба црквата имала и нартекс на западната страна.Фреско-декорацијата во Света Богородица Захумска е доста оштетена, но сепак зазема значајно место во охридската уметност од XIV век бидејќи нејзините творци, покрај тематските карактеристики и традиции на охридското сликарство, овде ги презентирале и новите струења во византиската уметност од тоа време. Непознатите сликари на овие фрески го покажале нивниот рафиниран вкус и чувството за нарација во композициите, а колоритот е жив со светла колористика.

Активности

Активност 1Разгледување

Активност 2Истражување

Мапа
Галерија