Црквата Св. Богородица Перивлепта се наоѓа во стариот дел на Охрид и претставува дел од светското културно и природно наследство на oхридскиот регион на Листата на УНЕСКО. Таа е еден од најзначајните средновековни споменици во Република Македонија.Изградена е во 1295 год. по налог на византискиот воен заповедник Прогон Згур, зет на императорот Андроник II Палеолог.Фреско-сликарството во наосот и нартексот е првото документирано дело на солунските сликари Михаил и Евтихиј, кои подоцна стануваат дворски сликари на кралот Милутин. Нивното сликарство се вбројува меѓу најзначајните достигнувања на т.н. ренесанса на Палеолозите, комбинирајќи елементи од графичкиот стил на Комненската (XI век) и посткомненската уметност (XII век – втора половина на XIII век)