+38922460876 welakeyou@lakes.mk
enmk

Church “St. Bogorodica Bolnichka” – Ohrid

0
Send Us An Enquiry
Full name*
Email Address*
Your Enquiry*
* I agree with Terms of Service and Privacy Statement.
Please agree to all the terms and conditions before proceeding to the next step
Save To Wish List

Adding item to wishlist requires an account

982
Availability : Во текот на целата година

Church “St. Bogorodica Bolnichka” – Ohrid

0
Детали
  • Локација: Охрид

Света Богородица Болничка e македонски православен храм, кој се наоѓа во стариот дел на градот Охрид, непосредно до ѕидот на долната порта, зад некогашната библиотека, на кејот на градското пристаниште. До денес не се откриени пишувани податоци за нејзиното живописување, но според изведбата на градењето и според анализата на живописецот оваа црква припаѓа на малите еднокорабни охридски цркви, од вренето на XIV век. Црквата претрпела повеќе измени и тоа во XVI и XVII век, а последен пат во оваа црква се интервенирало во 1834 година, кога повторно е живописана на малтер нафрлен врз стариот живопис. По конзерваторските работи во 1959-1960 година, живописот од 1834 година е остстранет и се наоѓа како експонат во тремот. Инаку постариот фрескоживопис е дело на непознат локален зограф со големо чувство за компонирање на боите, и е еден од подобрите остварувања во Охрид. Иконостасот е изработен од ореово дрво, од вештите раце на Никола Дарковски Караџовик од с. Лазарополе во 1833 година, и се вбројува помеѓу најзначајните дела на мијачките копаничари од минатиот век. Околу црквата се наоѓаат повеќе гробови на монаси или игумени, како и заедничка гробница. Двете цркви се нарекуваат болнички според маалото во кое се наоѓаат, бидејќи според раскажувањето на постарите жители во средниот век тука постоела болница

Активности

Активност 1Разгледување

Активност 2Истражување

Мапа
Галерија