До денес не се откриени пишувани податоци за нејзиното живописување, но според изведбата на градењето и според анализата на живописецот оваа црква припаѓа на малите еднокорабни охридски цркви, со помали димензии од времето на XIV век. Оваа црква се наоѓа на улица Методи Патче над болничките цркви. Фрескосликарството на непознатиот локален зограф е од подобрите остварувања во Охрид, зографот има голем осет за компонирање на боите. Треба да се спомне дека во XIV век, кога манастирот ,,Св. Пантелејмон” е претворен во џамија, моштите на ,,Св. Климент” се носат токму во оваа црква.