25 април, 1191 г., една мала група на зографи, на Бога само познати, го зографисуваат скромниот храм посветен на Св. Ѓорѓи Победоносец, создавајќи го највредниот уметнички ансамбл на средновековието, ренесансниот бисер на Преспа. 1952 г., е прогласен за споменик на културата. Манастирот се наоѓа во атарот на село Курбиново, во непосредна близина на Преспанското езеро, на магистралниот пат Битола – Ресен, на некогашниот римски “Виа Егнатиа”.Тука се наоѓа фреската со ликот на Архангел Гаврил која е мотив на македонската валута од 50 денари.