Свети Теодор Тирон е манастирски параклис кој се наоѓа во Калишкиот манастир во струшкото село Калишта. Се наоѓа во новиот конак кој е изграден и живописан во 2002 година. овој конак монасите од братството го користат за совршување на своите молитвени правила во зимскиот период. Овој параклис, односно целиот конак е надвиен од вековните гранки на стариот чинар, кој го зазема централното место во манастирот. Стар е околу 700 години и се верува дека неговиот постанок е паралелен со населувањето на првите монаси во овој комплекс.