Свети Петар и Павле претставува пештерна црква во с.Коњско село Коњско Пештерниот храм се наоѓа во пазувите на Пречна планина 1,5 км јужно од селото и претставува еден природен пештерен отвор, кој денес со повлекување на нивото на Преспанско езеро на околу 20 m високо во карпите, е со многу тежок пристап. Пештерата се состои од два дела, пред комора, или место за молитва и внатрешен дел, т.е. монашко живеалиште. Црквата датира од 14 век.