Пештерната црква се наоѓа под Габревски рид на самиот излез на Охрид кон Скопје. Точно под киклопските ѕидини на загадочната тврдина на Македонските кралеви. Црквата е посветена на првиот христијанин кој покрстувал на овие простори Свети Еразмо. Фреско-живописот датира од 13 и 14 век. Во непосредна близина видливи се трагите на ранохристијанска базилика која се верува дека ја изградил свети Еразмо за време на престојот во охридскиот крај. Непосредно до пештерната црква посветена на Свети Еразмо се наоѓа и пештера посветена на Света Екатерина чија датација не е позната а посветата ја уловила икона што била пронајдена во црквата.