+38922460876 welakeyou@lakes.mk
enmk

Cave Church “St Bogorodica Peshtanska” – Peshtani, Ohrid

0
Send Us An Enquiry
Full name*
Email Address*
Your Enquiry*
* I agree with Terms of Service and Privacy Statement.
Please agree to all the terms and conditions before proceeding to the next step
Save To Wish List

Adding item to wishlist requires an account

226
Availability : Во текот на целата година

Cave Church “St Bogorodica Peshtanska” – Peshtani, Ohrid

0
Детали
  • Локација: с. Пештани, Охридско

„Света Богородица Пештанска“ е македонска пештерна црква која се наоѓа во непосредна близина на селото Пештани. Сочуваниот фреско – живопис претставува најголем сликарски ансамбл што е сочуван, воопшто, во една пештерна црква на брегот на Охридското Езеро. Денес, поради продирање на атмосферските влијанија во внатрешноста на оваа пештерна црква, се отежнува нејзината посистематска анализа. Исто така, отсуствуваат пишани документи за неа. Сепак, со стилска анализа на сликарската постапка, се доаѓа до сознание дека ова сликарство поседува повеќе карактеристични одлики на Охридската сликарска школа од шеесетите години на 14 век и е сродно со сликарството во Марковиот манастир. Фреско-декорацијата е изведена директно врз нерамната површина на карпите и сцените се прилагодени на нивниот облик. Помеѓу најзначајните композиции се сцените од Големите Празници: “Благовештението”, “Рождеството”, “Сретението Христово”, “Крштевањето”, “Влегувањето во Ерусалим”, “Распетието”, како и претставите на светите воини и лекари и најпочитуваните светители во Охрид, светите Климент и Наум Охридски.

Активности

Активност 1Разгледување

Активност 2Истражување

Мапа
Галерија