Во времето кога Охрид и дел од Македонија биле во составот на Кралството Југославија (по 1919 година), во градот биле формирани разни друштва и организации за анимирање на охридската младина.Така, во 1922 година, било отворено училиште под името “Женска занатска школа ” Училиштето било изградено во 1929 година на просторот од изгорената куќа на познатото охридско семејство Паунчевци во Варош.Како објект од класичниот академизам, оваа зграда поседува архитектонска вредност, како пример за влијанијата на нео-стиловите кои допирале од Европа на овие простори. Како таков, објектот поседува вредности поради кои бил валоризиран како културно наследство од почетокот на ХХ век.Денес оваа зграда е во служба на НУ Завод за заштита на спомениците на културата и Музеј- Охрид.