Најпознатиот симбол на Охрид, Билјанините Извори. Многу легенди и верувања се врзани за нивното создавање, а најпознати се онаа за убавата Билјана од чии солзи се создале Изворите, и онаа за Билјана која платно белела за своите се уште незнаени свекор и свекрва. Со вода од изворите се снабдува и Хидробиолошкиот завод, научна институција која се занимава со ендемскиот жив свет на Охридското Езеро, како со негово проучување, така и со негова заштита.