Античкиот театар е лоциран во подножјето на источната косина на повисокиот охридски рид, под Самоиловата крепост, во непосредна близина на еден од главните влезови во утврдениот град-Горна Порта, од каде што се доловува незаборавна глетка на Охридското Езеро и на планините што го опкружуваат. Бил изграден пред повеќе од два милениуми, некаде на крајот на III или почетокот на II век, во периодот на доцнежниот хеленизам и бил наменет за прикажување на драмски, музички и поетски претстави на љубителите на театарската уметност.